Made by students
Мкд
Светот
Корона
Made by students

Како да се заштитите од КОВИД-19?

Мијте ги рацете често,користејќи сапун и вода,подолго од 1 минута,внимавајќи да ги опфатите сите делови од дланката и прстите.

Избегнувајте близок контакт, седете на дистанца поголема од 2 метра со болни лица или лица кои се вратиле од патување од земја со висок или среден ризик.

Користете средства за дезинфекција или алкохолни марамчиња.

При кашлање или кивање покријте ги носот и устата со марамче за еднократна употреба и веднаш потоа фрлете го на безбедно место. Доколку немате марамче, покријте ги носот и устата со рака свиткана во лактот.

Седете дома и не излегувајте, освен доколку не морате. Забранети се групирања со повеќе од 2 лица и има активен полициски час секој ден.

Следете ги препораките на Министерството за здравство и редовно информирајте се од надлежните институции за најновите вести и насоки.